Првото македонско дерби во ВТБ-лигата му припадна на Емил Рајковиќ. Неговата ЦСКА Москва на домашен терен славеше против Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ со убедливи 92-79.
Ова беше прв пораз за тимот на македонскиот репрезентативец по серијата од осум победи во низа. ЦСКА продолжи во победнички ритам и со девет победи во исто толку одиграни мечеви се зацврсти на врвот.
Димитријевиќ беше најдобар во редовите на Уникс Казан, но тоа не беше доволно за победа. Во игра мина 31 минута, постигна 18 поени, додаде еден скок и шест асистенции. Милутинов со 24 поени беше прв стрелец кај победникот.