Сара Ристовска: Каква атмосфера, какви навивачи…горда сум што сум МАКЕДОНКА!

199

Нашите ракометарки го завршија својот на настап на ЕП. Македонија одигра три меча и на сите три беше поразена, од Франција, Холандија и Романија. Сепак тие не разочараа, пред се својот однос, желба за да се одигра најдобро за Македонија.

Сара Ристовска, нашата најдобра ракометарка на социјалните мрежи по повод настапот на Македонија на ова ЕП, напиша…

Некогаш победуваш, некогаш губиш. Али самата цел е нешто да научиш. Беше прекрасно искуство да се игра на Европско Првенство. Каква атмосфера, какви навивачи. 10 години чекав да го доживеам тој момент. Едно БЛАГОДАРАМ на сите што беа со нас до последните 180 минути. Горда сум на своите девојки. Горда сум што сум Македонка. Со срце за Македонија“.

ПретходноДојран домаќин на тренинг камп за девојчиња до 14 години во рамки на Уефа проект за развој на женски фудбал
СледноЕлиф Елмас: Сите ние во Наполи сонуваме за СКУДЕТОТО!