По прекинот и напуштањето на мечот со Струмица во минатото коло, одбојкарите на Шкендија синоќа го добија дербито со Борец во рамките на 5. коло од домашната Прва лига. Во Тетово Шкендија ј аоствари четвртата победа сезонава против еден незгоден состав на велешани, кои одиграа одличен меч и малку недостасуваше средбата да има и поинаков тек.
Шампионот струмица без посериозни проблеми славеше кај Петровец, додека вредна победа обезбедија одбојкарите на Либеро кои се вратија со триумф од Штип со 3:1.
Прва лига (мажи), 5.коло
Шкендија – ГОК Борец 3:1 (24:26, 26:24, 25:22, 25:21)
Петровец – Струмица Никоб 0:3 (11:25, 17:25, 9:25)
Лирија – Весна Пробиштип 2:3 (18:25, 25:21, 10:25, 25:23, 8:15)
Штип УГД – Либеро 1:3 (21:25, 25:23, 19:25, 19:25)
Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:11, 25:15, 25:21)
***Слободна е екипата на Сушево
Табела: Шкендија 4-0, Весна Пробиштип 4-1, Струмица Никоб 3-0, Либеро 3-1, Штип УГД 2-2, ГОК Борец 2-2, Лирија 2-2, Сушево 1-3, Универзитет во Тетово 1-3, Петровец 1-4, Македонија Џио 0-5.