Човекот кој ја предводеше Хрватска до бронзен медал на СП 1998 година Мирослав Чиро Блажевиќ призна дека боледува од рак и дека не му е до фудбал.
„Уште полошо сум одошто бев. Ми доаѓа крајот, не можам да лажам дека сум добро кога не сум. Црниот дроб ми е полн со метастази, сега не ми е до фудбал “, одговорил легендарниот хрватски фудбалски стручњак на барањето од српски „Курир“ за коментар за претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.
Блажевиќ има 87 години.