Еден од најеминентните тренери во македонската кошарка со огромно искуство зад себе станува дел од семејството Феникс каде ќе ја има улогата на ментор на младите тренери и ќе се грижи за индивидуалниот развој на идните репрезентативци.
Бобан Митев тренерската кариера ја започнува во 1996 година како помошник во МЗТ Скопје, а покрај во мак-баскетот каде подоцна е дел и од Карпош Соколи, Вардар, Кожув и Ангели бележи и огромни успеси на интернационалната сцена во Полска, Русија, Германија, Франција, Србија, Иран…
Искуството стекнато во клубови како Анвил, Туров, Локомотив, Алба Берлин, Банвит, Монако, Партизан…, натпреварувајќи се во најсилните првенства во Европа, ќе биде непроценливо не само за младите од кои многу се очекува, туку и за нашите млади тренери кои отсега имаат и дополнителен извор за црпење на знаење и поуки.
View this post on Instagram