Војдан Стојановски пред Норвешка има една желба: Салата да биде исполнета до последното место!

119

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во салата „26 април“ во Гевгелија го игра еден од двата претквалификациски меча во рамките на ноемврискиот прозорец за пласман на ЕУРО 2025 година.

За противник „црвено-жолтите“ ја имаат селекцијата на Норвешка, тим кој има ист скор како Македонија, две победи во исто толку одиграни меча.

„Ја гледавме Норвешка, станува збор за добар тим кој игра кошарка со многу движења и силна транзиција. Главен адут им е тоа, транзицијата, доста трчаат. Се работи за специфична репрезентација, со квалитетен офанзивен скок. Наше е да го затвориме нивниот најдобар играч кој им е на плејмејкерската позиција и да ја спречиме транзицијата. Мора сите 40 минути да играме фокусирано и квалитетно. Шутот за тројката исто им е доста добар, токму поради таа транзиција, на последниот меч со Данска дадоа 20 тројки, со 65% ефикасност. Би сакал да ги повикам сите љубители на кошарката да ја исполнат салата до последно место и да бидат наш шести играч“, вели еден од најискусните кошаркари во нашите редови. 

Капитенот вели дека овој натпревар ќе го одреди во голема мерка распоредот на местата во нашата група од претквалификациите за Евробаскетот 2025.

„Нема да биде воопшто лесно, но се надевам дека ние ќе бидеме победници на крајот. Во последни пет години не сме во целост комплетни, со исклучок во август кога бевме повеќето тука и покажавме квалитетна кошарка. Во воведните два дуели немавме и натурализиран кошаркар“.

е ни недостасуваат Димитријевиќ, Јакимовски и Николов, но во екипата ќе бидеме посилни за еден нов играч – Ти Џеј Шортс.

„Сите кои пратат европска кошарка знаат дека Ти-Џеј Шортс е лидер во тимовите каде и да играл. Се работи за сериозен играч со светла иднина. Пред се тој како личност е многу добар, тоа го почувствувавме веднаш на стартот, бевме како да се знаеме долго. Ќе ни биде од преголема помош сигурно“.

Дуелот меѓу Македонија и Норвешка е закажан со почеток во 19 часот.

ПретходноКултниот болид на Шумахер продаден за рекодна сума!
СледноНорвежаните разочарани од Гевгелија: Салата е дотраена, не сместија во хотел со казино и зачадени ходници!