Како што информираат попладнево од раководството на Гостивар, се чини дека има договор меѓу нив и фановите. Имено во изминатите неколку денови фановите на Гостивар имаа забелешки за тоа како се водат и на кој јазик се пишуваат објавите на социјалните мрежи.
Па така, како што е објавено, отсега па натаму сите објави на официјалните социјални мрежи ќе бидат на англиски јазик, а не како што досега беше на албански, турски и македонски.
А еве што беше објавено во текот на денот на ФБ на Гостивар:
„Се договоривме сите заедно да работиме за многу посилен Гостивар!
Очекуваме поддршка од СИТЕ ГОСТИВАРЦИ од А до Ш!
– Името на клубот ќе остане исто!
– Боите на клубот ќе останат исти!
– Јазикот на социјалните мрежи ќе биде само англиски!
– Социјалните мрежи ќе објавуваат само спортски вести!
– Социјалните медиуми ќе бидат управувани од клубот!
– Клубот нема да поддржува создавање нови навивачки групи!
– Никој не може и нема да користи провокативен транспарент на стадион!
НА СИТЕ ЌЕ ДОКАЖЕМЕ ПРИЈАТЕЛСТВО И БРАТСТВО!“