Елиф Елмас: Сите ние во Наполи сонуваме за СКУДЕТОТО!

272

Наполи во моментов во Европа, а посебно во Серија А, веројатно го игра најспектакуларниот фудбал. Момците предводен од стратегот Спалети се како “казнена експедиција“, а дел од тој непобедлив тим е и нашиот Дијамант Елиф Елмас, кој деновиве за медиумите во Италија рече дека сите во Наполи се надеваат и сонуваат дека

ќе го освојат скудетото, а се на добар пат со оглед на тоа дека од коло во коло ја зголемуваат предноста пред останатите ривали.

Сите ние во Наполи се надеваме и сонуваме за скудетото. Се надеваме дека ќе испишеме историја за овој клуб, за овој град. Да го сторите тоа за овие фантастични навивачи секако дека тоа би било фантастично. Јас секогаш сум спремен да го дадам својот максимум, без разлика дали ќе бидам стартер или ќе влезам од клупата. Досега направивме неверојатни работи, сите сме обеденинети, како на теренот така и надвор од него. Треба само да продолжиме на таков начин“ посочи Дијамантот.

ПретходноСара Ристовска: Каква атмосфера, какви навивачи…горда сум што сум МАКЕДОНКА!
СледноВо Гостивар има договор: Објавите на социјалните мрежи само на англиски!