Емоции во Подгорица: Радичевиќ се расплака, го одигра последниот танц пред домашните фанови (ВИДЕО)

582

Јованка Радичевиќ ги игра последните мечеви во дресот на Црна Гора. Екс-вардарката одлучи по завршување на Европското првенство кое се одржува во Скопје да стави крај на својата репрезентативна кариера.

Синоќа Радичевиќ го одигра последниот танц пред домашните фанови, таа беше посебно мотивирана постигна 12 погодоци во победата над Полска од 26-23 за совршена групна фаза на Црна Гора која денеска ќе пристигне во Скопје.

Радичевиќ не издржа, на крајот емоциите ја совладаа, се расплака.

„Ова е премногу тежок ден за мене. Се обидов да ги потиснам емоциите пред натпреварот и за време на натпреварот, знаев колку ни значи. Пред десет години бевме олимписки вицешампиони и европски шампиони, но можеби овие натпревари на наш терен ми беа уште поубави од тие денови. Не беше лесно да се донесе одлуката за крај на репрезентативната кариера. Најдобрите моменти во мојата кариера беа во овој дрес, но доаѓа време кога треба да размислувате за други работи и приоритети. За мене, ова е свет дрес. Ви благодарам на сите“, изјави Радичевиќ 

ПретходноСудиска анализа: Добро судење на вчерашните натпревари во Купот на Македонија
СледноВечерва против Норвешка без Амар Хот