Инзаги: Не „паднавме“ по примениот гол и резултатот дојде сам по себе

69

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е задоволен од реакцијата на тимот по примениот гол против Болоња . „Нероазурите“ синоќа на Џузепе Меаца го „расформираа“ противникот со 6:1, но мораа да се справат со негатива откако во 22. минута Лукојанис погоди за 0:1. Сепак, потоа се случи вистински дебакл на гостите.

„Знаеме колку е важен менталитетот во фудбалот. Примивме смешен гол против противник кој беше во одлична резултатска серија, но не паднавме психолошки. Не треба да гледаме на пласманот, туку да играме на ист начин. На 14 натпревари бевме без Брозовиќ и на 18 без Лукаку , и двата играчи се многу важни за нас. Постигнавме одличен резултат во Лигата на шампионите, а во Серија А мораме да ја пренесеме домашната форма и на гостински терен“, рече Инзаги па додаде.

„Поразот од Јувентус беше болен, но играчите го задржаа фокусот и напорно тренираа во текот на неделата. Иако денеска примивме гол, бев сигурен дека ќе победиме“, истакна тренерот на Интер .

„Отсекогаш сум работел под притисок и навикнат сум на тоа. Одлично се согласувам со менаџментот. Сигурен сум дека ако треба нешто да ми кажат, ќе ми го кажат в лице“, додаде Инзаги.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе го суди супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија
СледноСудии за ВМФЛ: Пилешков ќе му суди на Вардар со Беласица