Камерунците си „играат со оган“, може да добијат казна од ФИФА

605

Селекторот на камерунската репрезентација Ригоберт Сонг го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното СП во Катар, но Фудбалскиот сојуз на оваа африканска држава може да се најде во проблеми.

Камерун на СП се квалификуваше во опрема на француската фирма „Le Coq Sportif“ со која има договор до крајот на 2023 година, но првиот човек на Сојузот Самуел Ето одлучил еднострано да го раскине договорот.

Во меѓувреме склопен е договор за соработка со американската компанија One All Sport, па Французите ги дадоа Камерунците на суд и потоа покренаа спор во ФИФА.

Судот и ФИФА пресудија дека Le Coq Sportiv е во право и дека Камерунците ќе мора да играат во досегашните дресови. А Ето и Сојузот го игнорираше тоа па на пријателски меч против Јамајка излегоа со опрема на американскиот производител.

Со тоа ја испровоцираа ФИФА, а ако на СП се појават со опремата на One All Sports тогаш селекцијата може да добие суспензија.

ПретходноКошаркарите во „налет“: Македонија ја декласира Норвешка среде Гевгелија (ФОТО)
СледноСтоле и Рајо освоија само бод против Селта