Со головите на Едер Милитао во првото и на Тони Крос во второто полувреме, екипата на Реал Мадрид ја совлада екипата на Кадиз со 2:1 во 14. коло на Ла Лига. Всушност Крос освен што постигна гол по волеј удар, тој беше асистент и за првиот погодок.
Кадиз намали во 82 минута преку Перез.
„Кралевите“ ја обезбедија 11. победа и се на втората позиција на табелата со 32 бода, два помалку од лидерот Барселона. Кадиз е претпоследен со 11 бода.
А Реал ја запиша и првсата победа над Кадиз после двете ремија од минатата сезона, едното без голови во Мадрид, а другото 1:1 на „Нуево Мирандиља“ во Кадиз.
Реал следниот меч го игра дури на 31 декември против Ваљадолид и тоа на гостински терен.
Кадиз на 13 ноември ќе игра во Купот, потоа следува пауза и во Ла Лига се враќа исто така на 31 декември против Алмерија. Во меѓувреме Кадиз ќе одигра пријателска со Манчестер Јунајтед (7 декември).