Култниот болид на Шумахер продаден за рекодна сума!

122

Болидот на Ферари во кој Германецот Михаел Шумахер постигна шест победи во 2003 година и ја освои шестата од седумте светски шампионски титули во Формула 1, беше продаден на аукција во Женева за 13 милиони швајцарски франци (околу 13,2 милиони евра).

Аукциската куќа „Sotheby’s“ објави дека моделот „F2003-GA Chassis 229“ стана рекордер по постигната цена меѓу болидите на Формула 1 од модерната ера.

Благодарение на Шумахер и неговиот тогашен тимски колега од Бразил, Рубенс Баричело, во 2003 година Ферари ја освои својата петта последователна титула на Светскиот шампионат за конструктори.

ПретходноПол Погба ги налути навивачите на Јувентус (ВИДЕО)
СледноВојдан Стојановски пред Норвешка има една желба: Салата да биде исполнета до последното место!