Леброн се повреди во поразот во градското дерби, деветти пораз за Лејкерси (ВИДЕО)

119

Кошаркарското дерби на Лос Анџелес деветти пат по ред им припадна на Клиперс кои овојпат победија со 114:101, што е нивна најубедлива победа сезонава. Тоа беше деветти пораз во 11 натпревари за Лејкерси, а на пет минути пред крајот останаа без Леброн Џејмс, кој по доскок почувствувал болка во препоните и мораше да замине во соблекувалната.

„Почувствував затегнување, но не толку лошо како Божиќ 2018 година“, изјави по натпреварот Џејмс, кој пропушти добар дел од првата сезона со Лејкерси поради слична повреда, поради што тие не влегоа во плејофот. Дотогаш имаше постигнато 30 поени, но повторно немаше значајна поддршка.

Ентони Дејвис постигна 21 поен, Расел Вестбрук заврши со 14 поени, исто колку и Трој Браун. Клиперси уште еднаш ги предводеше одличниот Пол Џорџ со 29 поени, а дури шест негови соиграчи постигнаа двоцифрени.

ПретходноОчаен шут на Словенецот: Чудесната серија на Дончиќ заврши во Орландо (ВИДЕО)
СледноГерет Бејл нема да може да игра голф во Катар!