Мурињо: Еден играч исфрлив од тимот, такви не ми требаат

468

Синоќа тимот на Рома не успеа да обезбеди три бода на гостувањето кај Сасуоло и одигра 1:1. И покрај фактот што Тами Абрахам погоди во вистински момент на петнаесетнина минути до крајот за 0:1, сепак Рома не издржа и прими гол за израмнување. По мечот, Жозе Мурињо, тренерот на Рома доста изнервиран го прокоментира мечот и кажа дека еден негов играч до толку го изнервирал со однесувањето што го отсртанил од тимот.

„Мислам дека одигравме добро, блиску до границата на нашите можности. Претходните денови беа тешки, но пристапивме позитивно и со правилен став. Сакавме да победиме и ја контролиравме играта. Сасуоло не е лесен противник, тие се многу брзи во контранапади. Жал ми е што непрофесионалниот однос на еден играч го намали ефектот на останатите. Не кажав ништо такво за Роџер Ибањез по неговата грешка против Лацио бидејќи се однесува како вистински професионалец. Играчите знаат дека е нормално да се прават грешки. Сепак, денес видов несериозно однесување. Неадекватно кон соиграчите и тимот. И за тоа најмногу жалам“, рече Мурињо. 

ПретходноВечерва против Норвешка без Амар Хот
СледноФК Шкендија со официјално сооштение: Стоп за насилството и омразата