Паника во Сенегал. Најдобриот фудбалер, првата ѕвезда на рапрезентацијата на таа земја Садио Мане е повреден и тешко дека ќе може да настапи на претстојното СП во Катар кое започнува за десет дена.
Но во раководството на Фудбалскиот сојуз и репрезентацијата, не се предаваат, па затоа преземаат и екстремни методи на лечење.
Имено на Мане ќе му помага врач, ова го потврдија и челниците на Фудбалскиот сојуз на Сенегал.
„Го водиме Мане кај врач. Не знаеме дали ќе успееме во намерата тој да заздрави, но додека постои и најмала надеж, ние се надеваме во чудо. Некое чудо мора да постои за нас. Тој е талисман за над, тој мора да биде на СП во Катар“.