Норвежаните лажат: Одбиле помош од нашата федерација за сместување, самите го одбрале хотелот за кого „кукаат“!

466

Норвешката кошаркарска федерација денеска на својата официјална страница излезе со обвинување дека хотелот во кој се сместени во Гевгелија дека е ужасен, а истиот дека им бил даден од страна на кошаркарската федерација на Македонија.

Оваа информација е лажна, бидејќи раководството на КФСМ пред да дојдат им понудиле помош, но тие одбиле потенцирајќи дека самите ќе ги обезбедат сместување, поточно ќе си најдат хотел.

Па сите обвинувања од нивна страна се неточни, Норвежаните се чини имаат само една цел – да ги испровоцираат нашите кошаркари пред денешната средба во салата „26 април“ во Гевгелија која е во рамките на ноемвриските претквалификации за пласман на ЕУРО 2025 година.

Македонија и Норвешка играт со почеток во 19 часот, двете селекции на стартот запишаа две победи во исто толку одиграни натпревари.

ПретходноШкупи домаќин во Кичево, дополнително ќе се знае до кога
СледноСелекторот на Норвешка смета: Неиграњето на Димитријевиќ е голема загуба за Македонија!