Иако и двајцата ќе се најдат на списокот на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси за СП во Катар, сепак Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ, барем засега така стојат работите, нема да можат да играат за селекцијата на Србија на првиот мееч на Мундијалот, и тоа против Бразил кој се игра на 24 ноември.
Митровиќ има проблем со стопалото, односно скршеница, додека Влаховиќ е пред заздравување, но не се очекува да биде целосно фит.
Според најавите се очекува и двајцата да бидат спремни за вториот меч на Србија и тоа со Камерун, на 28 ноември, како и за последниот во групата, оној со Швајцарија на 2 декември.