Саутемптон и официјално назначи нов менаџер

195

Англискиот Премиерлигаш Саутемптон, официјално го назначи Нејтан Џонс за нов менаџер. Велшки стручњак, кој досега го водеше второлигашот Лутон Таун, потпиша договор до летото 2026 година. Тој доаѓа на местото на Австриецот Ралф Хасенхутл, кој доби отказ по поразот на домашен терен од Њукасл со 4-1 изминатиот викенд.

Саутемптон има само три победи во 14 натпревари во Премиер лигата досега оваа сезона. Во последните девет натпревари, тимот забележа само еден успех и се спушти во зоната за испаѓање на 18. место со 12 бода.

Саутемптон ќе плати отштета од околу четири милиони фунти на Лутон за Џонс и неговите помошници Крис Коен и Алан Шихан, кои исто така ќе бидат во новиот стручен штаб на Сент Мери.

ПретходноФК Шкупи: Извинување до нашите вистински навивачи
СледноОбјавени се конечните списоци со играчи на Англија, Германија и Белгија за Мундијалот во Катар! (ФОТО)