Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе го суди супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија

413

Одредени се судиите за 15.коло во ПМФЛ, коло кое е закажано за викендов. Во Струга се игра супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија, се среќаваат првиот и вториот тим на табелата, а тоа дерби ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.

Во Кичево екипата на Шкупи ќе го дочека Скопје, на овој меч главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 15.КОЛО – САБОТА (13 Ч)

Шкупи – Скопје: Игор Стојчевски (Скопје)

Тиквеш – Работнички: Александар Грујоски (Кичево)

Струга ТЛ – Шкендија: Александар Ставрев (Скопје)

А. Пандев – Силекс: Ндерим Тефику (Куманово)

НЕДЕЛА, 13 Ч

Македонија ЃП – Брегалница: Игор Иванов (Велес)

ПретходноФК Шкендија со официјално сооштение: Стоп за насилството и омразата
СледноИнзаги: Не „паднавме“ по примениот гол и резултатот дојде сам по себе