Тинејџер му донесе победа на Лацио против Монца (видео)

182

По триумфот во градското дерби со Рома, екипата на Лацио ја запиша и втората победа по ред, а вечерва на „Олимпико“ падна Монца со 1:0 во меч од 14.коло на Серија А. Мечот го одбележаа неколку интересни моменти, а ќе го издвоиме поништениот погодок на Петања за Монца во 13. Минута по реакција на ВАР поради офсајд како и голот на Лука Ромеро во 69. минута кој на крајот се покажа како победнички.

Ромеро со 17 години и 357 денови е вториот најмлад стрелец на гол за Лацио во Серија А по Алесандро Капони кој реализирал гол со 17 години и 129 денови.

Лацио е втор на табелата со 39 бодови, а Монца има 13 бодови на 15. место.

ПретходноКрај на една ера: Играчите против својот тренер, Симеоне нема веќе авторитет во Атлетико Мадрид!
СледноЈунајтед ја помина Астон Вила во Лига купот во жесток меч со 6 гола