Три одбрани на Борко Ристовски, пораз за Кузмановски!

595

Борко Ристовски го запиша вториот триумф откако е дел од тимот на Лемго. Овој пат над Минден од 30-27, дуел кој го доби во второто полувреме.

Македонскиот голман запипа три од 12 удари кон неговиот гол, а Лемго ја врза втората победа по ред и се искачи на 11. позиција на табелата во Бундеслига.

Филип Кузмановски и Хановер го запишаа четвртиот пораз оваа сезона, на гостувањето кај Фуксе Берлин беа совладани со 32-30. Причината за победа на домашниот тим беше Дејан Милосављев, кој запиша 14 одбрани.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски не успеа да се запише во листата на стрелците.

Хоновер се наоѓа на седмото место на табелата со седум победи и четири порази.

ПретходноРобев: Ништо не е завршено, не треба да се опуштиме!
СледноДанска ја доби битката со Унгарија во „Стожице“