ФК Шкендија со официјално сооштение: Стоп за насилството и омразата

386

ФК Шкендија во текот на денешниот ден се огласи со официјално соопштение по повод вчерашниот инцидент на 1/4 финалниот меч од Купот на Македонија на Чаир помеѓу екипите на Шкупи и Шкендија. Истиот поради инцидент предизвикан од навивачите на Шкупи беше прекинат, не се доигра и е регистиран со службени 0:3 за гостинската екипа. Сега, откако ситуацијата се смири, натпреварот и формално правно е завршен ФК Шкендија има потреба со официјално соопштение да се огласи во јавноста.

„По се што се случи во Чаир на прекинатиот натпревар од четврт-финалето на Купот на Македонија, помеѓу Шкупи и Шкендија, овој пат ние како клуб НЕМА да излеземе со соопштение за да го осудиме нападот врз нашите фудбалери на теренот, фрлање ракети и силни предмети од трибини, пцовки и навреди или дури и напади од одредени поединци кон нашиот тимски автобус кој заминува од Скопје. Шкендија како клуб повикува итно да престане оваа крајна омраза и фанатизам меѓу двете навивачки групи, која не само што им нанесува штета на нашите клубови, туку и на невините граѓани кои можеби немаат никаква врска со фудбалот. Не е Шкендија во моментов во позиција да кажува кој е виновен, да одредува кој ја почна, кој ја продолжи, кој е повеќе, а кој помалку виновен! Шкендија кратко и јасно порачува СТОП НА ОМРАЗАТА И НЕМИЛИТЕ СЦЕНИ на нашите натпревари!

Во ниту еден момент не претендираме на обединување на двете навивачки групи, ниту на елиминација на ривалството на двата клуба затоа што тоа создава најдобра можна атмосфера на трибините! Напротив, веруваме дека ривалството е добро за конкуренцијата. Но, како да не се надминат границите на дозволеното!? Условите за организација на натпревар се познати, јасно е што имаат право навивачите да прават, а што не! Впрочем, фудбалот се игра за гледачи. Но, кога овие вторите директно влијаат на прекин на натпревар, тогаш јасно е дека црвената линија на нивното делување е помината. Затоа се повеќе се попречува патувањето на гостинските навивачи. Полицијата не им дозволува, локалната наввиачка група не ги прифаќа, а сега сме во ситуација дури и нашиот клуб да го трпи однесувањето на оние кои велат дека најмногу го сакаат клубот. Ова не е љубов! Така не се сака клуб! 

Во оваа прилика, Шкендија упатува јавен повик до сите инволвирани страни да размислат длабоко и искрено и да престанат со оваа омраза која не срами без исклучок пред очите на другите! 

Со надеж дека настаните како овие вчера нема никогаш да се повторат, ние како клуб нудиме максимална соработка со сите без исклучок, за создавање спортска и коректна клима која во иднина ќе придонесе повторно да уживаме во фудбалот како празник, а ние достоинствено радувајте се на успесите постигнати во границите на правилата. 

 

ПретходноМурињо: Еден играч исфрлив од тимот, такви не ми требаат
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе го суди супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија