Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкупи, по вчерашните инциденти на Куп 1/4 финалето против Шкендија на Чаир и прекинот на натпреварот денеска уште еднаш и се обрати на јавноста и и зе извини за несаканите настани.
„Преку ова соопштение сакаме уште еднаш да им се извиниме на нашите вистински навивачи за инцидентите вчера. Навистина сакаме да дадеме до знаење дека ова е неприфатливо однесување од страна на поединци. Тие не смеат да се толерираат. Клубот повеќе нема да толерира вакви инциденти, затоа што ние како колектив неколку години напорно работиме на имиџот на клубот кој веќе носи бренд на европски клуб, и шампион на Македонија. Во таа насока сакаме да порачаме дека не смее ваквите немили сцени предизвикани од поединци да ни го рушат имиџот и да го валкаат името на клубот.
Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека навистина сме среќни што на вчерашните настани нема повредени, и дека ничиј живот не е доведен во прашање, тоа е најважно. Ниту една победа, ниту еден трофеј не е вреден ако се доведуваат животи во прашање“ – се вели во сооштението на Шкупи.