Шкендија подобра од Борец, Либеро реди победи

138

По прекинот и напуштањето на мечот со Струмица во минатото коло, одбојкарите на Шкендија синоќа го добија дербито со Борец во рамките на 5. коло од домашната Прва лига. Во Тетово Шкендија ј аоствари четвртата победа сезонава против еден незгоден состав на велешани, кои одиграа одличен меч и малку недостасуваше средбата да има и поинаков тек.

Шампионот струмица без посериозни проблеми славеше кај Петровец, додека вредна победа обезбедија одбојкарите на Либеро кои се вратија со триумф од Штип со 3:1.

Прва лига (мажи), 5.коло

Шкендија – ГОК Борец   3:1 (24:26, 26:24, 25:22, 25:21)

Петровец – Струмица Никоб   0:3 (11:25, 17:25, 9:25)

Лирија – Весна Пробиштип   2:3 (18:25, 25:21, 10:25, 25:23, 8:15)

Штип УГД – Либеро   1:3 (21:25, 25:23, 19:25, 19:25)

Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:11, 25:15, 25:21)

***Слободна е екипата на Сушево

Табела: Шкендија 4-0, Весна Пробиштип 4-1, Струмица Никоб 3-0, Либеро 3-1, Штип УГД 2-2, ГОК Борец 2-2, Лирија 2-2, Сушево 1-3, Универзитет во Тетово 1-3, Петровец 1-4, Македонија Џио 0-5.

ПретходноНорвежаните разочарани од Гевгелија: Салата е дотраена, не сместија во хотел со казино и зачадени ходници!
СледноШкупи домаќин во Кичево, дополнително ќе се знае до кога