Боби Митев стана дел од „семејството“ Феникс

208

Еден од најеминентните тренери во македонската кошарка со огромно искуство зад себе станува дел од семејството Феникс каде ќе ја има улогата на ментор на младите тренери и ќе се грижи за индивидуалниот развој на идните репрезентативци.

Бобан Митев тренерската кариера ја започнува во 1996 година како помошник во МЗТ Скопје, а покрај во мак-баскетот каде подоцна е дел и од Карпош Соколи, Вардар, Кожув и Ангели бележи и огромни успеси на интернационалната сцена во Полска, Русија, Германија, Франција, Србија, Иран…

Искуството стекнато во клубови како Анвил, Туров, Локомотив, Алба Берлин, Банвит, Монако, Партизан…, натпреварувајќи се во најсилните првенства во Европа, ќе биде непроценливо не само за младите од кои многу се очекува, туку и за нашите млади тренери кои отсега имаат и дополнителен извор за црпење на знаење и поуки.

ПретходноСелекторот на Норвешка смета: Неиграњето на Димитријевиќ е голема загуба за Македонија!
СледноСудиска анализа: Добро судење на вчерашните натпревари во Купот на Македонија