Јувентус ја забележа петтата победа по ред во Серија А откако со 1:0 ја совлада последнопласираната Верона. Мојс Кен го постигна единствениот гол по точно еден час игра. Со овој триумф екипата од Торино се искачи на третото место на табелата со бод повеќе од Лацио кој вечерва ќе игра со Монца.
Верона врза осум порази во првенството поради што се последни на табелата.
Мечот го одбележаа и сомнителни ситуации. Прво очигледна игра со рака на Данило за пенал на Верона кој судијата не го досуди. Потоа и опасна игра (народски кажано ѓон) на Бонучи во дуелот со Симоне Верди за кој судијата прво покажа пенал, но по ВАР снимка го отфрли откако процени дека стоперот на Јувентус дошол прв до топката и тоа на дозволен начин.
Puoi togliere De Ligt dalla Juventus ma non puoi togliere le parate alla De Ligt. pic.twitter.com/cQZMuf25vO
— Bili (@IMBili_) November 10, 2022
Наредниот меч на Јувентус е против Лацио на 13 ноември, а потоа следува пауза поради СП, па Серија А ќе продолжи на 4 јануари идната година кога Јувентус ќе игра со Кремонезе.