Данска ја доби битката со Унгарија во „Стожице“

78

Репрезентацијата на Данска оствари победа над Унгарија со 29:27 на стартот на втората рунда на ракометното ЕП за жени. Вечерва во „Стожице“ Данките го урнаа противникот благодарение на добриот финиш на мечот.

Во првото полувреме водеа, на стартот на второто потфрлија и му дозволија на противникот да се врати во игра, дури и да поведе со два гола разлика, меѓутоа во финишот скандинавските ракометарки се вратија и ги освоија бодовите.

Кај Данките најефикасена беше Ема Фрис со седум гола, додека Катрин Клујбер беше најефикасна кај Унгарките со осум гола.

Следниот меч на Данките е против Хрватска, додека Унгарките ќе играат против Шведска.

ПретходноТри одбрани на Борко Ристовски, пораз за Кузмановски!
СледноЕвролига: Партизан и Ц.Звезда со порази, и Ефес загуби во Мадрид