Бранителот на титулата Ефес доживеа пораз на гостувањето кај Реал Мадрид во Евролигата. Шпанците славеа победа со 94:85 и со тоа ја впишаа четвртата победа сезонава додека Ефес петтиот пораз односно трет по ред.
А Црвена Звезда загуби на гостувањето кај Фенербахче со 93:79. Кај Звезда најефикасни беа Холанд и Вилдоза со по 13 поени, додека кај Фенербахче Мотли броеше до 25 поени и плус имаше 10 скокови.
И вториот српски претставник доживеа пораз. Партизан падна во Пиреја во дуелот со Олимпијакос со 58:87.
РЕЗУЛТАТИ
ФЕНЕРБАХЧЕ – Ц.ЗВЕЗДА 93:79
РЕАЛ МАДРИД – ЕФЕС 94:85
АЛБА БЕРЛИН – БАЕРН 77:79
ОЛИМПИЈАКОС – ПАРТИЗАН 87:58
МАКАБИ ТЕЛ АВИВ – БАРСЕЛОНА 79:86
ЛИОН – ЖАЛГИРИС вечерва