„Кралевите“ без проблеми против Кадиз (видео)

116

Со головите на Едер Милитао во првото и на Тони Крос во второто полувреме, екипата на Реал Мадрид ја совлада екипата на Кадиз со 2:1 во 14. коло на Ла Лига. Всушност Крос освен што постигна гол по волеј удар, тој беше асистент и за првиот погодок.

Кадиз намали во 82 минута преку Перез.

„Кралевите“ ја обезбедија 11. победа и се на втората позиција на табелата со 32 бода, два помалку од лидерот Барселона. Кадиз е претпоследен со 11 бода.

А Реал ја запиша и првсата победа над Кадиз после двете ремија од минатата сезона, едното без голови во Мадрид, а другото 1:1 на „Нуево Мирандиља“ во Кадиз.

Реал следниот меч го игра дури на 31 декември против Ваљадолид и тоа на гостински терен.

Кадиз на 13 ноември ќе игра во Купот, потоа следува пауза и во Ла Лига се враќа исто така на 31 декември против Алмерија. Во меѓувреме Кадиз ќе одигра пријателска со Манчестер Јунајтед (7 декември).

 

ПретходноЈунајтед ја помина Астон Вила во Лига купот во жесток меч со 6 гола
СледноНорвешка постигна 36 поени против Македонија, сеирџиите на потег: Тоа е таа ракометна нација!