Фудбалерите на Рома гостуваа кај Сасуоло во натпреварот од 14. коло во италијанската Серија А и одигра 1:1. Избраниците на Жозе Мурињо поведоа во 80. минута со голот на Тами Абрахам, а Андреа Пинамонти пет минути подоцна ги постави конечните 1:1. Португалецот на клупата на Рома беше бесен по мечот поради залагањето на еден од неговите играчи.
„Му реков дека мора да најде нов клуб во јануари. Жал ми е што напорите на тимот беа предадени од ставот на непрофесионалец. Не зборував вака за Роџер Ибанез по Лацио бидејќи грешките се составен дел од играта, а неговиот став никогаш не бил проблематичен“, рече тој. Мурињо потоа додаде:
„Да имаш непрофесионален однос, не е фер кон соиграчите и тоа ме разочара. Имав 16 играчи на теренот на натпреварот против Сасуоло и ми се допадна ставот на 15-те. На останатите им кажав дека никогаш не сакам да ги видам тоа повторно. Во јануари мора да најдете друг клуб“.