Столе и Рајо освоија само бод против Селта

62

Рајо Ваљекано одигра без голови во дуелот со Селта во 14.коло на Ла Лига. По победата над Реал Мадрид со 3:2, сега Рајо немаше „муниција“ против тимот од Виго. Мечот го одбележаа дури седум жолти картони за домашните фудбалери од кои четири во првото полувреме. Рајо е на осмото место со 22 бода, а Селта е на 17. позиција.

Столе Димитриевски беше на голот на Рајо и спречи три удари на гостинските фудбалери.

Статистички, Рајо петти меч по ред не знае за победа над Селта. Има четири ремија и еден пораз.

ПретходноКамерунците си „играат со оган“, може да добијат казна од ФИФА
СледноБлажевиќ: Ми доаѓа крајот, не ми е до фудбал