Македонскиот голман запипа три од 12 удари кон неговиот гол, а Лемго ја врза втората победа по ред и се искачи на 11. позиција на табелата во Бундеслига.
Филип Кузмановски и Хановер го запишаа четвртиот пораз оваа сезона, на гостувањето кај Фуксе Берлин беа совладани со 32-30. Причината за победа на домашниот тим беше Дејан Милосављев, кој запиша 14 одбрани.
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски не успеа да се запише во листата на стрелците.
Хоновер се наоѓа на седмото место на табелата со седум победи и четири порази.