По вчерашните инциденти на Куп натпреварот од 1/4 финалето во Чаир, каде што се сретнаа екипите на Шкупи и Шкендија, тимот од Чаир е драстично казнет и нема да смее своите домашни мечеви да ги игра на на својот стадион долго време.
Колку, сеуште не е познато ќе мора органите при ФФМ да одлучат, а во меѓувреме од Чаир доаѓа инфорацијата дека како алтернатива за одигрување на мечевите се пикира Кичево.
Таму Шкупи ќе ги игра своите дуели, а со оглед на тежината на инцидентот вчера и прекинатиот дуел, многу веројатно на Чаир тимот ќе се врати дури напролет.
Следниот викенд, Шкупи го пречекува Скопје.