Манчестер Јунајтед патува во наредната фаза на Лига купот на Англија по триумфот над Астон Вила со 4:2. Сите голови паднаа во второто полувреме. Оли Воткинс во 48. минута ја доведе Вила во предност, а Марсијал изедначи една минута подоцна.
Следуваше гол на Бруно Фернандеш за водство на Вила со 1:2, па изедначувачки гол на Рашфорд во 67. минута. „Ѓаволите“ поведоа со автоголот на Тајрон Мингс во 78 минута, а точка стави Скот Мектоминеј во последните минути од дуелот.