Лука Модриќ се најде во центарот на вниманието по победата на Реал Мадрид и Кадиз, откако при 2-0 пропушти чиста шанса да постигне гол. Противникот намали на 2-1, но не стори ништо повеќе.
На социјалните мрежи постојано се врти ситуацијата од хрватскиот фудбалер, кој пак одлучи да се пошегува на својата сметка.
„Важна победа пред Светското првенство. Ви благодариме Бернабеу за љубовта
Велат дека некој го промашил невозможното“, пиша Модриќ.
Под неговата објава на Инстаграм, стотици илјади обожаватели го тешат и го уверуваат дека и покрај неговото неверојатно промашување, тој сè уште е еден од најголемите.
Се издвојуваат коментарите на ѕвездите на Реал. „Заборави пријателе. Го намалија голот, не си ти виновен“, напиша Валверде. „Ништо не се случи“, додаде Винисиус. „Немаше доволно простор“, пишува Лукас Васкез.
View this post on Instagram










