Утре во Струга се игра дербито на есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига меѓу екипите на Струга и Шкендија. Во пресрет на мечот, искусниот фудбалер на тетовци, Ферхан Хасани со свои очекувања од мечот.
„Ни претстои тежок натпревар, играме со Струга, која не случајно е на првото место. Досега имаа многу добра сезона, иако последните пет натпревари имаат мала криза. Ќе биде тежок натпревар бидејќи играме против првопласираната екипа на табелата“.
Хасани по прекинот на мечот со Шкупи, вели дека фокусот е комплетно на утрешниот меч.
„И ние како Шкендија имаме лоши резултати во последно време, но по средата и пласманот во полуфиналето на Купот, атмосферата во тимот е многу добра и се знае дека Шкендија секогаш оди на три бода. Три бода во Струга ќе сменат многу и ние сме подготвени да го направиме тоа. Ние сме Шкендија и ќе дадеме се од себе за да стигнеме до трите бода“.















