Анчелоти: Модриќ не сфаќа што промаши, тој е изгубен!

6715

Промашувањето на кариерата го одбележа дуелот межу Реал Мадрид и Кадиз (2-1) во рамките на 14. коло во Ла Лига. Реал десет минути пред крајот можеше да дојде до комотно водство, Лука Модриќ се најде на пет метри до голот, но сепак промаши.  Оваа ситуација стана главна на социјалните мрежи, а противникот брзо дојде до 2-1.

По мечот промашувањето на Модриќ го коментираше Карло Анчелоти.

„Модриќ мораше да постигне за 3-0 и да го реши мечот, но ја промаши најголемата шанса по што ни следеше непотребна драма.

Што му реков на Модриќ по неверојатното промашување? Сè уште не сфатил што направил. Тој е изгубен. Му кажав дека е добро што Хрватска веќе го објави списокот за СП, па нема да имаат проблеми поради овој неуспех“, не последната констатација Анчелоти гласно се насмеа, како и сите присутни во прес-салата. Неговиот коментар за неуспехот на Модриќ веднаш стана хит на социјалните мрежи.

ПретходноДончиќ и кога не е најдобар знае како да изнуди воздишки од публиката (ВИДЕО)
СледноФИФА им забрани на Данците да носат специјални маици во Катар!