Иако веќе минаа неколку месеци од одлуката на Килијан Мбапе да остане во ПСЖ и да не оди во Реал Мадрид, светските водечки медиуми сеуште се занимаваат со тој неостварен трансфер.
Па, така на секое интервју, првото прашање за напаѓачот на ПСЖ е тоа. Зошто не замина во Реал? Посебно тука се нагласува улога на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
„Макрон ми се јави и ми рече: Знам дека сакаш да заминеш, но сакам да знаеш дека си важен за Франција и дека не би сакал да заминеш. Имаш можност овде во ПСЖ да испишеш историја“ се потсетува Мбапе на разговорот со првиот човек на Франција.
“Му реков дека го ценам тоа. Да, навистина е лудо, ти се јавува претседателот и бара да останеш“ дополнува Мбапе.
Инаку тој кажа дека пред нешто повеќе од една година, по крајот на ЕП 2020, сакал да престане да игра за својата Франција.
„Ако по СП во Русија се чувстував навистина прекрасно по освојувањето на титулата, тогаш така не беше по ЕП 2020, по оној промашен пенал и елиминацијата од Швајцарија. Ме нарекуваа мајмун и во еден момент сакав да престанам да играм за Франција. Но имаше луѓе кои ми ја дадоа подршката, и ете продолжив да играм во репрезентацијата“ посочи Мбапе.










