Деновиве се објавуваат конечните списоци со играчи кои ќе бидат дел од Мундијалот во Катар. Секако дека фудбалерите, оние кои сметаат дека имаат шанси да се најдат на СП, со нетрпение ги следеа прес конференциите на своите селектори.
Па така и Лиман Ндиае, младиот напаѓач на Шефилд, инаку репрезентативец на Сенегал. Иако досега одигра само два меча за својата селекција, тој очекуваше да биде повикан.
И навистина се најде на списокот, но откако го слушна своето име преку лаптопот, навистина мина една минута како вечност.
Ндиае го следеше пресот во клупската просторија на Шефилд, а од ходникот неговите соиграчи ја следеа неговата реакција. И откако го слушна своето име настана еуфорија и кај неговите клупски колеги.










