Романија ја доби драмата со Шпанија во Скопје (ВИДЕО)

167

Ракометарките на Романија славеа над Шпанија со 28:27 во вториот натпревар од главната фаза на ЕП во Скопје. Во вистинска драма во финишот, Романија беше подобра од Шпанија со спектакуларен гол на Базалиу од голема далечина.

Во текот на целиот меч гледавме израмнета борба во која и двете селекции имаа свои шанси за добар резултат. На пауза Романките имаа предност од 12:11, па до самиот крај се обидуваа да одржат минимална разлика.

Пинтеа со 7 гола беше најефикасна кај победничките, додека кај Шпанките, Гутиерез и Гонзалес постигнаа по 4.

Со оваа победа, Романија се израмни со Германија и Холандија кои имаат по два бода во оваа група.

ПретходноРекордери: Сити има 16 играчи на Мундијалот, ќе заработи најмалку 3 милиони фунти!
СледноМукаетов на средба со Видерер во Скопје (ФОТО)