За девет дена почнува Светското првенство во Катар. Тоа ќе биде прво големо натпреварување за српската репрезентација по Светското првенство во Русија 2018, каде што испаднаа во групата. На овој Мундијал се најде речиси во идентична група, заедно со Бразил и Швајцарија, со кои играше пред четири години, противник ќе и биде Камерун.
Очекувањата во соседната земја се големи, но непосредно пред турнирот пристигнаа многу загрижувачки вести. Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој со победничкиот гол во Португалија ги одведе Србите во Катар, има две помали скршеници на стапалото и најверојатно нема да настапи на последниот меч на Фулам пред паузата.
Она што многу повеќе ги загрижува Србите е фактот што не знаат во каква состојба Митровиќ ќе замине во Катар. Засега не се знае дали ќе може да се опорави до првиот натпревар и до натпреварот против Бразил. Напаѓачот на Фулам се повреди на натпреварот помеѓу Србија и Шведска на кој постигна хет трик, но доживеа тежок удар, а неговата повреда значително се влоши во следните натпревари.










