Мбапе си ја затвори вратата во Реал Мадрид со една изјава!

929

Килијан Мбапе направи пресврт кога реши да остане во ПСЖ ова лето. Многумина го видоа во дресот на Реал Мадрид, се чинеше дека се е готово и тогаш дојде до огромен пресврт. Париската суперѕвезда во неколку наврати зборуваше за таа одлука, сега повторно беше тема на разговор.

Во ново интервју тој зборуваше за тоа, со изјавата која ја даде може да го налути претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез. Едноставно може да си ја затвори вратата во Реал.

„Секогаш зборувам за моите амбиции, што сакам да правам и сега е време за тоа. Во Париз сум, имам можност да ја објавам мојата книга, тоа е голема шанса, треба да размислувате поинаку. Беше полесно да одам во Мадрид, но јас имам други амбиции. Јас сум Французин, јас сум дете на Париз и победата во Париз е посебно чувство. Така засекогаш влегуваш во историјата на својата земја. Кога го објавив дека останувам, многу работи се сменија, луѓето почнаа да зборуваат дека не мора да ја напуштат земјата и да одат на друго место“, рече Мбапе.

На Европското првенство во 2020 година, Швајцарија по пенал ја елиминира Франција, а Мбапе промаши удар од белата точка, по што беше цел на навреди на социјалните мрежи. Затоа сакаше да се повлече од репрезентацијата.

„Мислев дека не можам да играм за луѓе кои ме нарекуваат мајмун и дека не сакам да играм. После тоа се смирив, разговарав со блиски луѓе и сфатив дека нема да ја испратам вистинската порака ако дадам отказ и дека морам да бидам пример за сите. Затоа останав, сакав младите генерации да сфатат дека откажувањето не е опција“, заклучи Мбапе.

ПретходноПМФЛ: Мега-пресметка во Струга, скопско дерби во Кичево, Работнички на гости во Кавадарци
СледноВМФЛ: Охрид го “мерка“ Гостивар, Воска по бодови во Чегране…