На денешен ден: ГОООЛ….ПАНДЕЕЕВ…МАКЕДОНИЈА НА ЕП! (ВИДЕО)

162

На денешен ден пред две години. Секогаш, на секој 12 ноември, фудбалска Македонија ќе се потсетува на тој меч во Тбилиси, на 12.11.2020 година, кога ја победивме Грузија со 0:1 во финалето од плеј – офот и се пласиравме на ЕВРО 2020.

Сме ги победувале Германија и Италија на гости, но ова е тој датум кој засекогаш ќе биде впишан со златни букви како најголем во мак – фудбалот, како нешто нај, кога на Македонија и се случи фудбалски ЗЕМЈОТРЕС.

Секоја чест за кошаркарите и ракометарите кои беа четврти и петти во Европа, но нели, фудбалот е нешто посебно, некоја друга димензија.

Вечно ќе ја паметиме таа акција во таа 56.минута. Елмас до Пандев, па Пандев до Елмас, Дијамантот до Нестор кој со фантастична асистенција одигра до Гранде за да струмичанецот ја затресе мрежата на Грузија за невидена радост, за невидена еуфорија во Македонија.

Беше и помина, ќе се сеќаваме на прекрасните спомени, но сега е време за нови успеси и радости на оваа наша златна генерација.

Ех, како вчера да беше…а минаа две години.

ПретходноХаланд можел да игра и за друга репрезентација, објасни зошто ја одбрал Норвешка!
СледноГоловите на Миовски не останаа незабележани, преселба во Франција уште во Јануари!?