Завршија првите полувремиња од четирите средби од 15.коло во ПМФЛ. На супер – дербито во Струга, лидерот води против Шкендија со 1:0 и тоа со голот на фантастичниот Малески во 40.минута.
Во Струмица домашната А. Пандев со голот на Донов има водство против Силекс. Ивановски му донесе водство на Тиквеш против Работнички, а во Кичево “пиратите“ имаа водство со голот на Настески, за да Реналдо и Маргвелашвили направија пресврт и на пауза се замина со водство на Шкупи со 2:1.