Халанд можел да игра и за друга репрезентација, објасни зошто ја одбрал Норвешка!

197

Ерлинг Халанд претстојниот Мундијал во Катар ќе го следи од дома, бидејќи неговата Норвешка не се пласираше на завршниот турнир, а не е тајна дека можеше да избере друга репрезентација. Ерлинг е роден во 2000 година во Лидс, во тоа време неговиот татко Алфи играше фудбал, но тие мораа многу брзо да се преселат од Англија бидејќи Халанд сениор мораше да стави крај на кариерата многу пред време.

Хорор стартот на Рој Кин во април 2001 година во дербито на Манчестер му ја „уништи“ ногата, а со тоа и кариерата, па мораше да врати во Норвешка. Да не беше така, Ерлинг можеби би избрал да игра за репрезентацијата на Англија и да ја води на претстојното Светско првенство.

„Живеев во Англија околу три и пол или четири години и во Норвешка многу подолго, па природно беше да ја изберам Норвешка. Никогаш не знаеш што ќе се случеше ако татко ми играше подолго во Англија, можеби јас ќе играв и за Англија. Не знам… Сепак, јас сум горд Норвежанец “, изјави Холанд во интервју за порталот „Гол“.

ПретходноШто ќе прават Русите за време на Мундијалот? Ќе ја ублажат болката на свој начин!
СледноНа денешен ден: ГОООЛ….ПАНДЕЕЕВ…МАКЕДОНИЈА НА ЕП! (ВИДЕО)