Бабунски и Мирчевски на местото на Трајковски и Ристовски

147

Во таборот на македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот собир по повод за претстојните пресметки против Финска (56. ФИФА ранг листа) и Азербејџан (123. ФИФА ранг листа) поради повреди направени се две измени во составот.

Селекторот Благоја Милевски не може да смета на Александар Трајковски односно Милан Ристовски поради повреди, па затоа на нивно место се повикани, Мартин Мирчевски од прволигашот од Србија, ТСК Бачка Топола, како и Доријан Бабунски од унгарски Дебрецен.

Собирот е закажан за в понеделник во хотел Хилтон во Скопје.

 

 

ПретходноДобри вести од ЕХФ, Видерер најави: РФМ и Македонија можат да бидат ко-домаќини на ЕП во машка конкуренција!
СледноРистовски денеска на прегледи, наскоро ќе се знае тежината на повредата