Баерн лесно и без многу напор дојде до победа на гостувањето против Шалке во Гелзенкирхен во меч кој порано се нарекуваше дерби. Баварците славеа со 2:0 со по еден погодок во двете полувремиња.
Баерн поведе во 38. минута по извонредната асистенција на Мусиала до Гнабри, кој успеа да ја погоди во мрежата на домаќините.
Во 52. минута Баерн ја потврди победата со голот на Чупо-Мотинг кој рутински погоди за конечни 2:0.