Попладнево се одиграа пет натпревари од 15.коло на Бундес лигата, а меѓу поинтересните беше она во Бремен каде домашниот Вердер доживеа пораз од РБ Лајпциг со 1:2. Андре Силва ги доведе гостите во предност во 13. минута, а изедначи Грос во 57. минута. Сепак, Шлагер во 70 минута ја обезбеди победата за Лајпциг кој моментално е втор на табелата.
А Херта го совлада Келн со 2:0 со головите на Канга и на Рихтер. На овој меч беше видено неверојатно промашување на гостинскиот фудбалер Саргис Адамјан кој промаши празен гол на три метри од мрежата. Ерменецот место да пласира во празната мрежа, тој толку лошо ја удри топката што таа му отиде преку нога и преку пречката.
Келн го доживеа шестиот пораз сезонава, а трет по ред.
На другите мечеви: Леверкузен – Штутгарт 2:0, Хофенхајм-Волфсбург 1:2 и Аугзбург – Бохум 0:1.