Очекувано, убедливо. Вардар со 41:27 успеа да го победи тимот на Прилеп во меч од 10.коло во ракометната Суперлига на Македонија. Шампионот и натамиу е максимален, ова беше десетти меч за „црвено – црните“ и десетта победа.
Во текот на целиот меч големиот фаворит ја диктираше играта, знаеше што сака и затоа на крајот оствари убедлива победа, по малку и на рутински начин. Освен на старто од мечот кога прилепчани како да покажаа заби, во останатиот дел од овој натпревар се знаеше кој е кој.
Кај Вардар најефикасен беше Чувара со 9 голови, кај гостите Бикоски стрелаше во шест наврати.